Мицкоски до Тимоние: Владата нема конкретни мерки и проекти и во новиот мандат

384

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со Игор Николов, остварија средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние. 

На средбата разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. 






„Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од ковид-19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не презема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот. Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Имено тој укажа на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува“, информира ВМРО-ДПМНЕ. 

– ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја усмерат Република Македонија на вистинскиот пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија – истакна Мицкоски. 

 Мицкоски му се заблагодарил на францускиот амбасадор за средбата и изразил надеж дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.

Поврзани содржини