Мицкоски до италијанскиот амбасадор: Република Македонија нема никаков напредок поради неспособноста на власта

600

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот, Александар Николоски денеска се сретнаа со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео.

На средба разговарале за актуелната политичка состојба во државата како и за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.






Претседателот Мицкоски, информира ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека поради пандемијата предизивикана од ковид- 19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не презема никакви конкретни мерки се со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Во текот на средбата, се вели во партиското соопштение, Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено тој укажа дека власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува.

– ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија – истакна Мицкоски.

 

Поврзани содржини