Мицкоски до германската амбасадорка Холштајн: ВМРО-ДПМНЕ прави напори да формира мнозинство

1,301

Изборите кои поминаа не може да се оценат за фер и демократски бидејќи власта спроведе низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите. Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ, ја информирал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски амбасадорката на Сојузна Република Германија Енке Холштајн.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети. Мицкоски посочил дека освен тоа што власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажало дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.






– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија прави напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини