Мицкоски до Гир: Не е европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, алармирал и на се поголемиот хаос во државата создаден од страна на Зоран Заев, на кој му е поважен партискиот рејтинг и бизнисот на фирмите блиски нему одошто државата.
Не е европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја, кои се дел од личната карта на еден народ. Македонија има право на своите идентитетски обележја, изјавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со претставникот на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир на која присуствувал и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски
Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, моменталната политичка состојба во Македонија, како и за ветото на Бугарија биле основа за разговор на средбата.
соговорниците се согласиле дека реформите во земјава мора да се спроведат и дека придвижувањето кон ЕУ е од корист на државата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, алармирал и на се поголемиот хаос во државата создаден од страна на Зоран Заев, на кој му е поважен партискиот рејтинг и бизнисот на фирмите блиски нему одошто државата.
– Лошото справување со здравствената криза се докажува со огромниот број починати и заразени, како и тоа дека здравствениот систем е пред колапс. Добредојдена е поддршката од европските партнери на тој план – посочи Мицкоски.
Мицкоски се заблагодарил за поддршката која ја добива Македонија од Унијата, како и силните заложби за демократизација воедно посочувајќи дека треба да се обрне внимание на борбата со криминалот и корупцијата, кои за жал се на катастрофално ниво поради отсуство на волја од страна на власта. Имено кај власта имаме само декларативна желба за справување со корупцијата, но во принцип истата се става во заштита на криминалот.