Мицкоски: Датумот на избори не е тема за којашто ние ќе зборуваме на зелен пазар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ако Уставот вели дека мандатот на градоначалниците и советите е четири години тогаш по четири години треба да го имаме првиот круг избор на градоначалници и советници.

319

Tреба да се прекине со практиката да се крши уставот бидејќи датумот за локалните избори го дефинира Уставот, изјави пред вечерашната  трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина Карпош претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

– Околу датумот на избори тоа не е тема за којашто ние ќе зборуваме на зелен пазар, тоа е тема којашто ја дефинира Уставот и навистина треба да прекинеме со праксата да го кршиме уставот, како дефинира Уставот така ние треба да се однесуваме и тоа што го дефинира уставот тоа треба и да го примениме. Ако Уставот вели дека мандатот на градоначалниците и советите е четири години тогаш после четири години ние треба да го имаме првиот круг избор на градоначалници и советници. Така што ова не треба да биде тема за дневна политика јасен е Уставот како што е Уставот го повикувам претседателот на Собранието Талат Џафери да практично ги распише изборите, онака како што се според Уставот дефинирани – рече Мицкоски.






Во однос на отворените листи за избор на општинските советници, тој рече дека тоа е предлог на  ВМРО-ДПМНЕ.

– Во делот на новиот концепт за отворени листи каде што изрази задоволство, што опозицијата го прифатила нивниот предлог за отворени листи, претпоставувам барем пред себе треба да си ја признае вистината околу концептот за отворени листи. Ако нема храброст тоа да го каже во јавноста, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не само што го прифати туку и ВМРО-ДПМНЕ го предложи концептот и начинот како би изгледало тоа законско решение иако тој вчера, како познат препишувач, кажа дека тоа било нивен предлог и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме го прифатиле – рече Мицкоски.

Поврзани содржини