Мицкоски: Да, го познавам Александар Верушевски, тој е голем патриот!
Во врска со евентуалните закани од страна на Заев кон помладиот Верушевски, Мицкоски рече дека не би можел да даде коментар, поради тоа што од тоа семејство за закани кон деца честопати доаѓале.
На денешната прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека го познава Александар Верушевски, кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека пред четири години тајно го снимал во Струмица, а снимката од разговорот беше неодамна објавена.
– Да се познавам со господинот Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг, а она што можеби е значајно да го знаете е голем патриот – одговори Мицкоски на поставеното новинарско прашање.
Во врска со евентуалните закани од страна на Заев кон помладиот Верушевски, Мицкоски рече дека не би можел да даде коментар, поради тоа што од тоа семејство за закани кон деца честопати доаѓале.