Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата.
„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватниот и во државниот сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во соопштение упатено до јавноста.
Мицкоски вели дека бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата.
„Затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик. Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми, потребни се одлуки. Да спасиме живот!“, се вели во соопштението.