Мицкоски: Бојко не скрива дека Заев му го ветувал сето ова кога бил во опозиција

Заев е човекот за кого македонскиот народ не значи ништо, а уште помалку Република Македонија - заврши Мицкоски.

671

Бојко Борисов веќе не се ни труди да скрие дека со Зоран Заев е одамна договорен во однос на договорот помеѓу двете земји. Тој јасно вели дека Зоран Заев додека бил опозиција му ветил брда и долини во однос на договорот, само тој да стане премиер и да ја добие поддршката од соседните земји, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс.

– Како што можеме сите да забележиме, она што Борисов го зборува е за жал вистина. Зоран Заев секојдневно ја турка земјата во амбис и економски и на национален план, додека врз грбот на граѓаните прави милионски зделки за своето семејство – истакна Мицкоски.






Мицкоски вели дека е срамно премиер на држава да преговара со премиер на друга земја и поради сопствени бизнис зделки и криминали да го става во заложништво својот народ, кој се повеќе е јасно дека како што започнал Зоран Заев со распродавањето на националните интереси, ќе остане обезличен.

– Додека Република Македонија и македонскиот народ се трудат да останат на нозе достоинствени и исправени, додека се борат со сите надворешни непријатели кои посегнуваат по она што е наше, државата се соочува со внатрешен непријател и издајник на кој името му е Зоран Заев. Ова е човекот за кого македонскиот народ не значи ништо, а уште помалку Република Македонија – заврши Мицкоски.

Поврзани содржини