Мицкоски: Без проект нема да поддржиме изградба на нов Клинички центар

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против нов клинички, туку против тоа да и се дадат на оваа најкорумпирана влада во Европа пари на граѓаните и тоа 508 милиони евра за да прави нешто нереално.

481

Проектот клинички центар не постои. Зошто велам дека не постои? Пред мене ја имам физибилити студијата изработена 2019 година и има цели 35 страници и врз основа на оваа физибилити студија граѓаните треба да платат ни помалку ни повеќе 508 милиони евра, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на МРТ.

– Тука не се внесени дополнителните трошоци кои се однесуваат на пристапни патишта, енергетско напојување, гасоводна инфраструктура, вода, канализација, имотно правни односи итн. И така овој проект може лесно да дојде до 550-600 милиони евра. Кога видовме дека станува збор за несериозен пристап, врз основа на податоци од 2009 година кога воопшто пандемија со ковид немаше. После ковидот пристапот генерално во здравството е сменет –  рече Мицкоски.






Тој информираше дека ВМРО-ДПМНЕ даде идеен проект и укажа дека треба да се искористат податоците од Банката за инвестиции на Европа врз основа на што е добиен кредит за изградба на клинички во 2016 -2017 година кој е и поефтин 4-5 пати.

– Оттука го предложивме платото кое се наоѓа помеѓу поранешна Воена болница сегашна „8 Септември“ и Румунска и каде ќе изградиме нова зграда за да ги поврземе овие објекти.  Зошто? Затоа што ова место има инфраструктура има пристап од три булевари „8 Сепември“, „Илинденска“ и „Партизанска“ и има секаква инфрсатрукутура и ова е предложено на тет-а тет средбата со Заев, но до овој момент нема ништо – кажа Мицкоски.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против нов клинички, туку против тоа да и се дадат на оваа најкорумпирана влада во Европа пари на граѓаните и тоа 508 милиони евра за да прави нешто нереално.

– Додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го поддржам, ама ќе поддржам изградба на Клинички центар кој ќе биде пофункционлен и најмалку три пати поефтин и кој ќе биде врвно издание во Европа. Тоа е она за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, ама треба да има проект, затоа што за оваа физбилити студија за која беше одобрен и кредит од Европска развојна банка е зошто четири години не се мрдна е друга работа. Од друга страна, ни поттурнуваат неколку листа хартија, податоци од 2009 година и се направено пред пандемија. Значи, да заклучам, да за Клинички, ама не за 50 милиони евра за најкорумпираната влада во Европа –  рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини