Мицкоски: Ако власта не го повлече предлогот за попис, ќе собираме потписи за да се поништи ВИДЕО
Пописот на населението ѝ е потребен на државата, но тоа треба да биде статистичка, а не политичка операција како што ја подготвува власта, рече Мицкоски.
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара владејачкото мнозинство да го повлече предложениот закон за попис и да организира дебата на цела територија на Македонија со сите општествени и политички фактори за да се дојде до консензуално решение, а ако тоа не се случи тогаш тој најави дека партијата ќе се мобилиизра и ќе поднесе иницијатива за собирање потписи за поништување на законот за попис за да во државата се оранизира статистички операција, а не попис кој е политички мотивиран.
– Пописот на населението ѝ е потребен на државата, но тоа треба да биде статистичка, а не политичка операција како што ја подготвува власта – рече Мицкоски.
Оваа одлука, рече Мицкоски на прес конференција, била донесена на седница на Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера.
– Ако тоа не се случи, по очигледната злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање на потписи за предлог-закон за поништување на овој предлог-закон што треба да се донесе по насилен пат – рече Мицкоски и повика на масовна мобилизација во собирањето на потписите за петицијата, а ако и овој предлог-закон биде игнориран во Собранието, тогаш ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Мицкоски, јасно кажува дека резултатите од овој попис нема да ги признае.
Иницијативата за собирање потписи за закон со кој ќе се поништи предложениот, ако власта го донесе, ќе биде доставена до сите подрачни единици на Министерството за правда, додаде Мицкоски.