Мицевски за ТВ24: 58-часовен карантин е премногу!
Велигденскиот карантин беше долг и граѓаните реагираа сензитивно. Сите треба да работиме на здравствената едукација, бидејќи ако не го сфатиме ова како што треба, можно е пандемијата да ни се провлекува - рече Мицевски.
Треба да се земе предвид психичкиот момент на граѓаните, па затоа сметам дека 58-часовен карантин за викендов е премногу, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во гостувањето во отвореното студио на ТВ24.
Тој истакна дека и велигденскиот карантин бил долг и граѓаните реагирале сензитивно.
– СДСМ и Владата прават владин пи-ар, а јас лично сметам дека 58-чадовниот карантин за претстојниот викенд е премногу. Потребен е период во денот кога граѓаните можат да излезат од своите домови. Треба да се земе предвид психичкиот момент на граѓаните. Велигденскиот карантин беше долг и граѓаните реагираа сензитивно. Сите треба да работиме на здравствената едукација, бидејќи ако не го сфатиме ова како што треба, можно е пандемијата да ни се провлекува – рече Мицевски.