Мицевски: Институционално ќе работиме, но нема да обезбедуваме кворум

575

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи институционално, но нема да дава поддршка во обезбедување на кворум, рече координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во гостување на телевизијата Сител.

– Јас уште на првата конститутивна седница реков ако утрото по денот се познава, тешко е дека ќе имаме добар ден. Новата влада предводена од СДСМ има многу тенко мнозинство, и тоа се гледа на сите седници коишто досега се одржаа – нагласи Мицевски.






Тој додаде дека како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ укажа дека владиното мнозинство има проблем на редовно функционирање на Парламентот од причина што 62 пратеника се многу малку за редовно одржување на самото Собрание и негова работа.

– Не присуствувавме на пленарната седница од причина да испратиме порака, ќе си соберат пратениците, 62 на број, толку е моментално владејачкото мнозинство, да си бидат присутни на седниците и да работат. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше присутно во Собранието, ние впрочем и учествувавме на самата Комисија за верификација на мандатот на колешката, со една цел да испратиме порака дека институционално ќе работиме, меѓутоа нема да даваме поддршка во обезбедување на кворумот –  нагласи Мицевски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ  обидот за промовирање на онлајн седниците на Собранието го разбрале од медиумите, не како пратеничка група, не како координатор на пратеничка група.

– Треба да продискутираме за можностите во одредени исклучителни случаеви кога би можело да се употреби оваа алатка онлајн гласањето. Знаејќи со какво мнозинство имаме работа ние сме претпазливи, пред се и во давањето на изјавите во тоа и во разговарањето за моделите коишто би можеле да се применат и во кои случаеви би можеле да се применат одредени такви модели – појасни Мицевски и додаде:

– Првин голема транспарентност кон граѓаните и чесност во настапот. Затоа што гледаме едно се зборува пред медиуми, а второ е она што се преговара, или за она што се пазари Зоран Заев, а тоа се националните интереси во Република Македонија. Впрочем и сведоци сме сите за сето она што се случуваше во изминатиов период и газењето врз македонските национални интереси.

Мицевски истакна дека овој протест којшто за утре го организира ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поддршка за македонските историчари во одбраната на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

 

Поврзани содржини