Ми впери пиштол во глава, ме удираше од ѕид: Сопругата го обвини славниот рапер

879

Само неколку дена откако беше хоспитализиран поради аневризма на мозокот, славниот музичар Др. Дре (чие вистинско име е Андре Јанг), неговата сега веќе поранешна сопруга Никол Јанг поднесе тужба обвинувајќи го за семејно насилство,  долгогодишно емоционално и физичко малтретирање.

Во судските документи, пишува „Дејли мејл“, Никол наведува дека Др. Дре во два наврати ѝ ставил пиштол на главата, ја удирал во лице и ја „трескал“ од ѕид.






Инаку, парот се разведува по 24 години брак, а во моментов водат судска битка околу поделбата на неговиот имот. Дре е „тежок“ 800 милиони долари, а Никол од него бара алиментација во износ од два милиони долари месечно.

Откако Дре изјави дека никогаш не ја малтретирал, Никол се огласи тврдејќи дека лаже.

– Јас ги изнесов сите болни детали за злоупотребата што Андре ми ја нанесе преку нашата повеќе од 25 години врска. Тој ми стави пиштол во главата во јануари 2000 година и во ноември 2002 година. Во два наврати ме удираше со тупаница во лицето. Во 2006 година, тој во бес ја скрши вратата на спалната соба каде што се криев од него. Тој вербално и емоционално ме уништуваше до тој степен што почнав да страдам од ПТСП – рекла таа.

Никол исто така открила дека кај нив ургирала и полицијата.

– Им се јавив во септември 1995 година, непосредно пред почетокот на нашиот брак, кога тој ме заби во ѕид и ме подигна од земја, држејќи ме за вратот. Неколкупати за време на бракот размислував да ги повикам повторно, но толку се плашев од него што мислев дека полицијата не може да ми помогне – тврди Никол Јанг.

 

Поврзани содржини