МИ СЕ ЗАКАНУВААТ ДЕКА ЌЕ МЕ УБИЈАТ, СЕПАК РЕШЕН СУМ ДА ЈА КАЖАМ ВИСТИНАТА Сведоштво на тетовец кој ги загубил таткото и братот во пожарот во ковид центарот

Ибин Емшиу тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

2,354

Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, сведочи Ибин Емшиу за Дојче веле. Тој во пожарот во модуларната болница во Тетово ги загуби својот татко и брат. Емшиу е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тој врди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

– Не знам точно колку луѓе бевме внатре. Тој објект беше полн со придружници, кои спиеја таму, значи бевме околу 50 луѓе заедно со пациентите. Сите пациенти имаа придружници од нивните семејства кои ги чуваа деноноќно – вели Емшиу.






Тој додава дека шест дена седел во ковид центарот.

– Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно – тврди Емшиу.

Во модуларната болница не бил единствениот кој се грижел за своите најблиски. Вели дека речиси секој пациент имал по некој близок до него и тоа деноноќно.

Поврзани содржини