Ми ми фа сол сол фа ми ре до до …
Споделете ваша фотографија од нотите како обележје кое ги симболизира почетните тонови на „Ода на радоста“ со хаштаг #magentasonatas, Македонски Телеком ќе избере неколкумина кои ќе добиете бесплатни влезници за некоја од претстојните изведби од програмата.
Нотите од „Одата на радоста“ на Лудвиг ван Бетовен, химната на Европа, се поставени деновиве во центарот на Охрид како обележје во чест на јубилеите 60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен.
„Одата на радоста“ симболично го означи и јубилејното издание на фестивалот. Првата вечер којашто беше посветена на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ која 1961 ја започна магијата на фестивалот, заврши токму со оваа химна на Европа во изведба на оперските ѕвезди Марија Јелиќ, Аманда Стојовиќ, Дарио ди Вјетри и Иван Томашев, придружени од Миливоје Вељиќ на пијано. Музиката на Бетовен, по повод 250 години од неговото раѓање се славеше низ цела Европа.
Во организација на Дојче Телеком, магента статуа на генијот патуваше низ Европа, од Бон, неговото родно место, преку Скопје, сѐ до Виена каде што ја компонирал Деветата симфонија. Магента статуата симболично прошета и низ Охрид, збогатувајќи го фестивалот „Охридско лето“ кое со години наназад се одржува со поддршка на Македонски Телеком.
Сѐ уште можете да бидете дел од двојниот јубилеј, да се поврзете и со уметноста и да уживате во програмата на фестивалот. Споделете ваша фотографија од нотите како обележје кое ги симболизира почетните тонови на „Ода на радоста“ со хаштаг #magentasonatas, Македонски Телеком ќе избере неколкумина кои ќе добиете бесплатни влезници за некоја од претстојните изведби од програмата.