МЕУРОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НАСКОРО ЌЕ ПУКНЕ Сепак, тоа ќе биде добро за економијата, прогнозира Џеф Безос

Безос не е сам во тврдењето дека меурот на вештачката интелигенција на крајот би можел да биде позитивен развој на настаните. Слични оценки во август изнесе и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман.

751

Основачот на Амазон, Џеф Безос очекува наскоро да пукне, како што го нарекува, индустрискиот меур на вештачката интелигенција, што би можело да предизвика хаос во економијата.

За време на технолошката конференција во Италија минатата недела, Безос оцени дека компаниите стануваат „исклучени од основите“ на бизнисот, и дека „луѓето се многу возбудени за вештачката интелигенција“.






Според Безос, четврт човек во светот според богатството, колапсот на индустријата за вештачка интелигенција на крајот би можел да биде позитивен развој – бидејќи, според него, би можел да ги елиминира слабите од пазарот.

– Меурите, што се индустриски не се ни приближно толку лоши, дури можат да бидат и добри, бидејќи кога прашината ќе се смири и ќе видите кои се победниците, општествата имаат корист од тие пронајдоци. Тоа е она што ќе се случи и тука. Ова е реално, а придобивките за општеството од вештачката интелигенција ќе бидат огромни – смета милијардерот.

Инвеститорите и технолошките лидери постојано нагласуваат дека технологијата на крајот ќе „воведе ера на изобилство“ обележана со зголемување на продуктивноста, поевтини стоки и луѓе што живеат поздрав живот. Таквиот оптимизам одигра клучна улога во вложувањето астрономски количини ресурси, финансиски и технолошки, во развој на вештачката интелигенција.

Сепак, експертите стануваат сè поскептични кон тврдењата на индустријата. Една значајна студија на МИТ (Масачусетс институт оф технолоџи) од пред неколку месеци покажа дека дури 95 проценти од генеративните пилоти-проекти за вештачка интелигенција во компаниите пропаѓаат, не успевајќи да поттикнат раст на приходите.

Безос не е сам во тврдењето дека меурот на вештачката интелигенција на крајот би можел да биде позитивен развој на настаните. Слични оценки во август изнесе и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман.

– Дали сме во фаза каде што инвеститорите како целина се превозбудени за вештачката интелигенција? Моето мислење е да – рече Алтман, пред мала група новинари.

Во тоа време, Алтман тврдеше дека „некој“ ќе изгуби „феноменална количина пари“, имплицирајќи дека тоа нема да биде OpenA.

– Моето лично верување, иако можеби ќе се покаже дека грешам, е дека ова ќе биде во целина голема победа за економијата. Ќе направиме некои глупави распределби на капиталот, но уверени сме дека оваа технологија ќе поттикне нов бран на невиден економски раст – додаде тој, слично на најновите коментари на Безос.

Поврзани содржини