МЕТЕЖ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОД РАНИ МУГРИ Во Скопје отворени уште четири пункта
Од денеска, покрај Букурешт и Јане Сандански, со работа почнуваат вакциналните пунктови во поликлиниките Ѓорче Петров, Бит Пазар, Драчево и Ченто кои ќе работат од 8 часот наутро до 19.30 часот.
Уште пред да отворат вакницалните пунктови во главниот град утрово можеше да се забележи метеж од граѓани кои сакаат да се вакцинираат против вирусот ковид-19.
Од тоа што можеше да се забележи пред поликлиниката Јане Сандански, процесот на вакцинација се одвиваше без поголеми проблеми, граѓаните најпрво се пријавуваа кај екипите на Црвениот крст, без разлика дали станува збор за прва доза од вакцините или за ревакцинација.
Вакцинацијата со Синовак се одвиваше побргу, за разлика од вакцинирањето со Фајзер за која граѓаните изразуваат поголем интерес. Во моментов скопјани може да избираат во овој вакцинален пункт меѓу вакцините на производителите Синовак, Фајзер и АстраЗенека, додека останати се мали количини од Синофарм, но таа е само за оние кои примаат втора доза.
Инаку во и пред поликлиниката може да се забележи присуство на припадниците на АРМ кои од почетокот на вакцинацијата се распоредени пред пунктовите за вакцинирање, но и зголемено присуство на полицијата.
Од денеска, покрај Букурешт и Јане Сандански, со работа почнуваат вакциналните пунктови во поликлиниките Ѓорче Петров, Бит Пазар, Драчево и Ченто кои ќе работат од 8 часот наутро до 19.30 часот.