Метеоролозите предвидуваат дека 2020 ќе биде најтоплата во историјата

Иако рестриктивните мерки за коронавирус го привремено расчистија небото, ништо не е преземено за да се олади климата, за што се потребни подлабоки и долгорочни мерки, велат истражувачите.

348

Оваа година е на добар пат да биде најтоплата во светот од кога започнаа мерењата, прогнозираат метеоролозите кои проценија дека постои веројатност од 50-75 проценти дека 2020 година ќе го сруши рекордот од пред четири години, пишува „Гардијан“.

Иако рестриктивните мерки за коронавирус го привремено расчистија небото, ништо не е преземено за да се олади климата, за што се потребни подлабоки и долгорочни мерки, велат истражувачите.






Од јануари се регистрирани рекордни високи температури од Антарктикот до Гренланд, што изненади многу научници бидејќи ова не е година на „Ел Нињо“, климатски феномен поврзан со високите температури.

Националната администрација за океани и метеоролошки работи на САД (NOAA) проценува дека постои можност од 75% дека 2020 година ќе биде најжешката година од кога се спроведуваат мерења.

Агенцијата забележува дека трендовите се слични на 2016 година, кога температурите пораснале во почетокот на таа година, поради невообичаено интензивниот феномен „Ел Нињо“, а потоа паднале. Според „NOAA“, 2020 година веројатно ќе биде една од првите пет години со највисоки температури.

Овој јануари беше со рекордно високи температури. Многу артички земји без снег во нивните престолнини. Во февруари, базата на Јужниот пол за прв пат забележаа температури од над 20 Целзиусови степени на јужниот континент. Во неделата се забележани рекордни 6 Целзиусови степени на Гренланд.

Во првиот квартал затоплувањето беше најизразено во Источна Европа и Азија, каде температурите се над 3 Целзиусови степени над просекот. Минатиот петок, во центарот на Лос Анџелес, температурите достигнаа 34 Целзиусови степени. Западна Австралија исто така бележи рекордна температури.

Поврзани содржини