📽 МЕТЕОР ЛИ Е ИЛИ РАКЕТА? Жителите на Мелбурн се прашуваат што прелета над на небото
Експертите брзо процениле дека се работи за вселенски отпад што изгорел поради триење кога со голема брзина удрил во атмосферата.
Синоќа на ноќното небо над Мелбурн беа видени блескави остатоци, при што многумина споделија фотографии и снимки на социјалните мрежи со прашањето дали можеби станува збор за метеор. Светлосниот феномен патувал низ планината Булер до Мелбурн и бил во пламен речиси една минута пред да се распадне во остатоци што силно гореле.
„Ѕвезда што паѓа над Мелбурн или тоа е комета? напиша еден X корисник. „Не знам дали е метеор, комета или вселенско ѓубре“, напиша друг.
Експертите брзо процениле дека се работи за вселенски отпад што изгорел поради триење кога со голема брзина удрил во атмосферата.
Тоа е најголемото светлосно шоу што сум го видел, во однос на повторното влегување на некој вид материјал од орбитата
Поради големиот јавен интерес, австралиската вселенска агенција објави соопштение во кое се наведува дека забележаните блесоци на светлина најверојатно се остатоци од руската ракета Сојуз-2, лансирана вчеравечер од космодромот „Плесецк“, северно од Москва, која повторно навлезе во земјината атмосфера. Ракетата беше искористена за лансирање на сателит претходно истата вечер.
„Навистина е неверојатно. Тоа е најголемото светлосно шоу што сум го видел, во однос на повторното влегување на некој вид материјал од орбитата“, изјави професорот Алан Дафи, астроном од Универзитетот Свинбурн, за радиото 3AW.
Ракетата тежи 105 тони, долга е 25 метри и беше исфрлена на „исклучително голема надморска височина“ откако остана без гориво, рече вонредната професорка Алис Горман од Универзитетот Флиндерс.
Тоа е најголемото светлосно шоу што сум го видел, во однос на повторното влегување на некој вид материјал од орбитата
– Многу жители на Мелбурн ја видоа ракетата како лета низ небото додека се распаѓаше на парчиња, а секое од нив продолжи да гори во спектакуларен огномет -, рече таа.
Остатоците од ракетата се планира безбедно да влезат во атмосферата и да паднат во океанот кај југоисточниот брег на Тасманија, според вселенската агенција, која додава дека „ќе продолжи да ги следи резултатите од ова повторно влегување“.
What an amazing sight over Melbourne 💫 Space Junk or Meteor, it was spectacular to see it.#meteor pic.twitter.com/XdxN3nMMC9
— Explore Melbourne (@XPMELB) August 7, 2023