Металруг поразен на гостувањето во Тулуз
Македонската екипа се враќа со пораз откако домаќините славеа победа од 33-29.
Екипата на Металург денес со гостувањето кај Тулуз во Франција го имаше деби мечот од новата сезона во групната фаза од Европската лига.
Македонската екипа се враќа со пораз откако домаќините славеа победа од 33-29.
Што се однесува до мечот, во првите 15-тина минути се играше ега, гол за гол и резултатот беше израмнет. Но во продолжени, Металург направи неколку грешки во нападот и дозволи на домаќините со брзи контри и полуконтри да се одлепат неколкупат на 5 гола разлика.
Сепак до крајот на првото полувреме Металург намали на само -3 (18-15). Во вториот дел Тулуз знаеше како умешно да ја задржи предноста и на крај прокнижи победа.
Кај Металур денес најефикасен со девет гола беше левото крило Поповиќ, додека два помалку (7) даде Рниќ. Кај Тулуз прво име со девет погодоци беше пикерот Јакобсне.