Мета: Албанските плажи не се бојни полиња од Дивиот Запад

Конфликтите со огнено оружје кои се случуваат на јавни места и во текот на туристичка сезона, ги загрозуваат животите и здравјето на десетици граѓани, а ја нарушуваат и сликата за Албанија на домашните и странските туристи.

764

Албанскиот претседател Илир Мета ги повика државните органи да извршат целосна истрага на судирот со огнено оружје во Велипоја во кој има 4 загинати и уште две повредени лица.

Крвавата кавга избила поради лежалки на плажа меѓу сопствениците на два хотели оддалечени 50-на метри.






„Конфликтите со огнено оружје кои се случуваат на јавни места и во текот на туристичка сезона, ги загрозуваат животите и здравјето на десетици граѓани, а ја нарушуваат и сликата за Албанија на домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад. Оваа ситуација која излезе од контрола, и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги преземе своите должности и да се откаже од циничната пропаганда, која може да ги покрие вистините која сите ја гледаме –  соопшти Мета.

Поврзани содржини