Меси тренира со завој на ногата, ќе заигра ли против Баерн Минхен? ФОТО
Неговиот тим се подготвува за петочната пресметка против германскиот Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но судејќи според фотографиите, неизвесно е дали тој ќе се најде во почетниот состав.
Најдобриот фудбалер на светот и капитен на шпанскиот клуб Барселона, Лионел Меси, тренира со бандажирана нога поради ситната повреда со која се здоби во вториот натпревар против Наполи пред неколку дена.