Меси распали по судијата: Бараше причина да ми покаже жолт картон!
Камерите на телевизијата „Мовистар“ ги овековечија зборовите на Меси за работата на судијата, упатени до делегатот Карлес Навал:
Капитенот на Барселона, Лионел Меси беше незадоволен од работата на судијата Хајме Латре на синоќешниот натпревар од 29. коло во Ла Лига против Ваљадолид (1:0).
Доколку Аргентинецот добиеше жолт картон на овој меч, ќе го пропуштеше дербито со Реал во следното коло. Во истата ситуација беше и играчот за врска на Барса, Френки де Јонг.
Камерите на телевизијата „Мовистар“ ги овековечија зборовите на Меси за работата на судијата, упатени до делегатот Карлес Навал:
– Тој бара изговор да ми ја покаже картата. Бууу, неверојатно – реагираше Меси.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за 10 април.