Мерко навреди новинарка: Неписмена си!

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска на прес конференција, информациите дека во Струга има дивоградби ги оцени како шпекулавција, а новинарката од Алфа телевизија ја нарече неписмена.

5,850

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска на прес конференција, информациите дека во Струга има дивоградби ги оцени како шпекулавција, а новинарката од Алфа телевизија ја нарече неписмена.

И покрај  информацијата за постоењето на 65 дивоградби долж крајбрежјето, а во извештајот на Државниот завод за ревизија е наведено дека има постапки за легализација на бесправни објекти во крајбрежен појас, но и куќи, Мерко упорно тврди дека тоа се шпекулација, притоа навредувајќи ги новинарите.






Еве ја комуникацијата помеѓу Мерко и новинарката.

Мерко: Тие се шпекулации и тоа големи шпекулации. Одете вие имате 500 во Охрид, имате 12 локали во најзаштитениот дел на изворите во Свети Наум.

Новинарката: Одговорете за вашиот дел!

Мерко: Слушај сега, а бе слушај сега, ти викаш едно, јас велам друго, овде нема дивоградби.

Новинарката: Ако општината не знае што гледа, и Државен завод за ревизија имаше извештај во којшто стои дека имаме над 2.000 дивоградби и тие не знаат што прават? Пак шпекулирате. Официјален извештај градоначалник од Државен завод за ревизија.

Мерко: Ама ти пак шекулираш.

Новинарката: Писмена сум знам да читам.

Мерко: Не си!

Новинарката: Вие како пописмени од мене кажете! Сите тие дивоградби се пред 2011-та.

Поврзани содржини