Мерко: Баш нѐ брига за реакциите на невладините за дивоградбите

1,106

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека не му е гајле за реакциите на јавноста и на невладините организации дека се градат нови дивоградби во Струга. Тој не го прифаќа предлогот на Антикорупциската комисија надлежноста за уривање на дивоградбите да биде префрлена на владата. Мерко останува на ставот дека во Струга сѐ што е изградено е легално.

– Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, „нас баш не брига“ – изјави Мерко за медиуми.






Тој потсети дека кога ги остапувал ингеренциите во делот на урбанизмот, владата не ги прифатила и сега, вели Мерко нема закон со кој што владата може да му ги одземе надлежностите во делот на справувањето со дивоградбите.

 

Поврзани содржини