Мерките не се исти за сите? Светските лидери обвинети за двојни аршини – гушкање, неносење маски, социјална дистанца (ФОТО)

624

Американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и други светски лидери се обвинети за кршење на строгите правила за социјално растојание на Самитот на Г-7 во Корнвол за време на викендот.

Учесниците се фотографираа со официјална фотографија од далечина во петокот, но на другите фотографии беа прикажани порелаксирани сцени.






Во саботата беше организирана скара за учесниците на Самитот на плажа, се сервираше стек и јастог, а имаше и музика.

фото: Твитер

Сепак, многумина на социјалните мрежи укажаа на недостаток на социјална дистанца на настанот, а лидерите беа фотографирани како зборуваат блиску еден до друг без маска.

Министерот за надворешни работи Доминик Раб инсистираше на тоа дека „постоеше социјална дистанца“ на настанот, иако фотографиите го покажуваат спротивното.

„Даунинг стрит“ исто така ја бранеше „скарата“, велејќи дека сите ги почитувале правилата.

– Помалку од 30 гости беа на настанот. Настанот беше изведен на сосема безбеден начин во рамките на постојните правила – изјави портпаролот на премиерот, пренесува Дејли меил.

фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE

Оние што беа на Самитот имаа дневни тестови, а настанот се одржуваше надвор.

– Ова беше неформален собир на лидерите на Г-7 и со право се одржува приватно. Но, можете да видите дека тоа беше опуштена атмосфера и дека им даваше можност на лидерите да разговараат надвор од формалното опкружување – рече портпаролот.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи споделија снимки и фотографии, обвинувајќи ги лидерите за непочитување на правилата.

 

– Едно правило за нив, друго за нас – напиша еден корисник.

– На крајот на краиштата, двојните аршини се начинот на работа на владата на Велика Британија, организаторот на овој настан, нели? – напиша друг корисник.

 

Слични коментари стигнаа и по фотографијата на Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон како шетаат прегрнати. Никој од нив не носеше маска.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL/INTERNATIONAL POOL
фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE

И покрај строгите мерки на ковид-19, имаше два случаи на вирусот за време на Самитот Г-7.

Во четвртокот, хотелот во кој беа сместени новинарите и обезбедувањето беше затворен откако многумина беа позитивно тестирани.

Во петокот, германските медиуми објавија дека двајца членови на тимот на Ангела Меркел биле во изолација откако биле позитивно тестирани.

Поврзани содржини