Меркел се тестирала на коронавирусот, ги чека резултатите
Медиумите синоќа јавија дека Меркел е во самоизолација откако дознала дека имала контакт со лице кое било заразено со коронавирусот. Наводно, станувало збор за владиниот лекар
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се тестирала на новиот коронавирус и сега ги чека резултатите, изјави владиниот портарол Штефан Зајбер, јави ДПА.
– Канцеларката се чуствува добро – изјави тој.
– Сега ние ги чекаме резултатите и потоа ќе видиме што ќе следи – изјави Зајбер, кој не знаеше кога резултатите ќе бидат готови.
Медиумите синоќа јавија дека Меркел е во самоизолација откако дознала дека имала контакт со лице кое било заразено со коронавирусот. Наводно, станувало збор за владиниот лекар