Меркел погрешила на Самитот Г7: Исклучи го микрофонот Ангела ВИДЕО

1,740

На денешниот состанок на Г7 големо внимание привлекол британскиот премиер Борис Џонсон.Тој на германската канцеларка Ангела Меркел во еден момент и рекол да го исклучи микрофонот.

Додека Џонсон го отворал состанокот, Меркел ненадејно го прекинала обидувајќи се да му каже на американскиот претседател Џо Бајден и на новиот италијански премиер Марио Драги дека сака да се состане со нив во живо во текот на состанокот на Самитот Г7 во јуни, пренесува Ројтерс.






– Нѐ слушате ли Ангела – прашал Џонсон со насмевка и додал: Мислам дека треба да го исклучите микрофонот.

Џонсон е познат по гафови. Тој тврдел и дека Бајден му го „украл“ слоганот „од пандемијата да излеземе подобри“ но притоа признал дека и самиот веројатно го зел од некого.

После речиси една година на видеосостаноци, ни лидерите на Г7 не успаеале да ги избегнат проблемите со микрофоните, пренесува Ројтерс.

Поврзани содржини