Меркел ги повика САД да го отворат пазарот за вакцини

Се надевам дека сега кога голем дел од американското население е вакцинирано, можеме да имаме слободна размена на состојки и исто така отворање на пазарот на вакцини - рече Меркел на крајот од неофицијалниот самит на европските лидери.

213

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повтори своето противење на укинувањето на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против коронавирус и ги повика САД да го отворат „пазарот“ и да дозволат извоз на вакцини и нивните состојки.

– Се надевам дека сега кога голем дел од американското население е вакцинирано, можеме да имаме слободна размена на состојки и исто така отворање на пазарот на вакцини – рече Меркел на крајот од неофицијалниот самит на европските лидери.






Меркел повтори дека е против укинување на заштитата на патентите за вакцините против коронавирус, како што предлага администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Германската канцеларка рече дека не смета дека тоа би било решение што ќе овозможи  вакцините да бидат подостапни за поголем број луѓе.

– Мислам дека е потребна креативност и иновативност на компаниите, а тоа вклучува и патенти – додаде Меркел.

 

Поврзани содржини