Меркел: Ја гледаме моќата на природата, мора веднаш да реагираме во битката против климатските промени
Потребни се политики што ги земаат предвид природата и климата повеќе отколку што правевме претходните години - рече канцеларката.
Германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на поплавената област во провинцијата Рајнска област-Пфалц вети дека ќе стори повеќе против негативните ефекти од климатските промени.
– Збирот на сите настани на кои сме сведоци на Германија и силата со која се случуваат, сугерираат дека тоа има врска со климатските промени – им рече Меркел на граѓаните за време на посетата на општината Аденау.
– Мораме да побрзаме, мора да бидеме побрзи во борбата против климатските промени – рече германската канцеларка, пренесува Ројтерс.
– Гледаме со каква сила може да дејствува природата – рече Меркел.
– Потребни се политики што ги земаат предвид природата и климата. Ние ќе се спротивставиме на оваа моќ на природата – на краток рок, но исто така и на среден и на долг рок – додаде таа.
– Потребни се политики што ги земаат предвид природата и климата повеќе отколку што правевме претходните години – рече Меркел.
Денес канцеларката Меркел ги посети областите погодени од смртоносните поплави во кои загинаа повеќе од 150 лица.
Околу пладне, таа го посети селото Шулд со премиерот на Рајнска област-Пфалц, Малу Дрејер.
Во областа Ахрвејлер, во која припаѓа Шулд, досега се загинати 110 лица, а 670 повредени.