МЕРКА ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ, СМЕНА НА СИСТЕМИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Град Скопје одвои средства и за велосипедски патеки, нови паркови и комунални возила

Советот на Град Скопје одвои средства за замена на системите за греење во средните училишта, со цел намалување на загадувањето и почист воздух. Паралелно се најавени инвестиции во велосипедска инфраструктура, комунална хигиена, нови паркови и катни гаражи за побезбеден и поуреден град.

110

На деветтата седница на Советот на Град Скопје, покрај другото, од заштедените средства наменивме дел за замена на системите за греење во средните училишта, соопшти советникот Даме Димитровски од Град Скопје.

„Со реализација на овој проект, Скопје ќе води со пример како град чии објекти ќе имаат нула емисија на цврсти честички. Секој мора да го даде својот придонес за почист воздух, од град што се гуши, до град што дише!






Вложуваме средства и во нови сообраќајни решенија за побезбеден и побрз транспорт во градот, при што посебен акцент ставаме на развој на велосипедската инфраструктура и безбедноста на пешаците, со визија за нула деца жртви во сообраќајот во Скопје.

Одвоивме дополнителни средства за набавка на возила и контејнери за Комунална хигиена. Со мали, но сигурни чекори, системот за управување со отпад ќе го приближиме до европските стандарди.

Во донесените одлуки предвидовме и нови паркови, инвестиции во обновливи извори на енергија, како и изградба на катни гаражи таму каде што се најпотребни.

За Скопје, какво што го сакаме!“, пишува Димитровски на Фејсбук.

Поврзани содржини