Мери Николова на листата на ДУИ: Не ме излажаа за ништо, како што веќе еден го стори тоа
Таа му се заблагодари на Али Ахмети поради тоа што ја ставил на кандидатската листа, а додаде дека со задоволство ја прифатила поканата, бидејќи, како што пишува, Ахмети искрено ја препознал нејзината способност како истакнат активист.
Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски и македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, Мери Николова Буџаку, на Фејсбук соопшти дека на претстојните избори ќе настапи во „тројката“ како кандидат за пратеник од ДУИ.
Таа му се заблагодари на Али Ахмети поради тоа што ја ставил на кандидатската листа, а додаде дека со задоволство ја прифатила поканата, бидејќи, како што пишува, Ахмети искрено ја препознал нејзината способност како истакнат активист.
„Ако некој ја препознава твојата способност, како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава со многу примери и дела, со многу вложен труд и работа. Ако некој ти пријде и ти каже дека вредиш и заслужуваш да бидиш во редот на најдобрите. Тогаш за мене доволни беа зборовите и взаемно пружената рака за договор да бидам на листа во ИЕ3. Не ми ветија, не ме излажаа ништо, како што веќе еден го стори тоа. Ако ним им треба жена борец, мене ми треба лидер кој знае да ги цени активистите, кој има свое достоинство и збор“, напиша Николова.