МЕРАК ДА СЕ ПАРКИРАЛО НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА Внимавајте, пак ќе има рации!

Казнети 106 возачи, од кои 57 паркирани на велосипедска патека.

985

Изречени се 106 санкции за непрописно паркирање, од кои 57 за паркирање на велосипедска патека, во акциската контрола спроведена денеска од 10.00 до 17.00 часот на територијата од општина Аеродром до општина Ѓорче Петров во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли продолжуваат.






-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од МВР.

Поврзани содржини