МЕПСО: Висока им е сметката за струја, а за телефон не

Oттаму како „некоректно“ го оценуваат споредувањето нa цената не електричната енергија со просечната плата во земјава, а е повразно со новата одлука на РЕК за покачување на цената на електричната енергија.

2,137

Од АД МЕПСО велат дека како „скапа“ сметка се смета кога домаќинствата ги загреваат целосно домовите и ги користат сите електрични уреди, но дел од критичарите повеќе пари би дале за мобилниот телефон и за интернет забава.

Oттаму како „некоректно“ го оценуваат споредувањето нa цената не електричната енергија со просечната плата во земјава, а е повразно со новата одлука на РЕК за покачување на цената на електричната енергија.






– Од аспект на трошоците на АД МЕПСО, „голото“ споредување на цената на мегаватчас електрична енергија со просечна плата во нашата земја е некоректно. Никому не помага, создава конфузија кај граѓаните. Такви споредби се погрешни и водат кон погрешни заклучоци кои немаат економска логика туку оставаат впечаток дека критиката е неконструктивна. За жал, во одредени сегменти на нашето општество сè уште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи, често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан – се вели во соопштението од АД МЕПСО.

Од компанијата додаваат дека за најзагрозените семејства е предвидена субвенцијата „за енергетска сиромаштија“, која обезбедува пристапност до електрична енергија за сите граѓани на државата.

– Прашањето е многу комплексно за да се банализира со неаргументирани напади врз електроенергетските компании и регулаторното тело кое го респектирало барањето. Не смееме да заборавиме дека електричната енергија е основиниот двигател на сите сегметни во современото општество, поради што сите  треба да сме свесни за важноста на функционирањето на целиот електроенергетски систем и, се разбира, дека тоа е неостварливо без неопходните вложувања за негова непречена и доверлива работа. Секогаш сме посветени на определбата за намалување на трошоците, онаму каде е оправдано. Спремни сме и за стручна расправа на таа тема – додаваат од компанијата.

Од АД МЕПСО велат дека тарифата на шест години во континутитет е намалувана, со што е доведена во прашање ликвидноста на компанијата и нејзиното  функционирање.

– Тарифата на АД МЕПСО 6 (шест) години во континутитет е намалувана, со што е доведена во прашање ликвидноста на компанијата и нејзиното  функционирање. Тарифата е најголемиот извор од каде се покриваат сите инвестиции за преносниот систем нормално да функционира. АД МЕПСО нема можност да се откаже од своето учество во цената на струјата, затоа што нé чека економски развој на државата кој без стабилен преносен систем е невозможен – стои во соопштението на компанијата

Од АД МЕПСО напоменуваат дека тие како општествено-одговорна компанија во контиунитет осум години наназад издвојува значајни средства (до 2 отсто од своите приходи) за проекти од јавен интерес од областите на: здравството, образованието, културата и спортот.

Поврзани содржини