МЕПСО ИСПЛАТИЛО 1,8 МИЛИОН ЕВРА АВАНС НА АЛБАНСКА ФИРМА Пет години работела без приходи
МЕПСО под раководство на лица од СДСМ и ДУИ, на фирма која пет години немала никави приходи и доделиле тендер од 10 милиони евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
За набавка на уредот за корекција на напонски профил, раководството на МЕПСО поставено од СДСМ и од ДУИ, на албанската фирма за штанцање на фактури за наплата, „Шанси инвест“ и исплатило аванс од 1,8 милиони евра. Тоа е 20 отсто од вредноста на тендерот од 10 милиони евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Шанси инвест“ пет години, во периодот од 2019 до 2023 година, немала никакви финансиски приходи. Првите приходи кои ги остварила и тоа во вредност од само 18.000 денари, биле во 2023 година, за потоа веќе во следната 2024 година да го добие милионскиот тендер од МЕПСО. Значи, МЕПСО под раководство на лица од СДСМ и ДУИ, на фирма која пет години немала никави приходи и доделиле тендер од 10 милиони евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.. Освен што раководството од СДСМ и ДУИ во МЕПСО доделило јавна набавка на конзорциумот меѓу „Шанси инвест“ и Далековод АД Загреб во вредност од неверојатни 10 милиони евра, туку и во договорот се договорило да исплати аванс од 20%, односно 1,8 милиони евра, на „Шанси инвест“, фирма која пет години немала ни денар приход“, се наведува во соопштението.
Поврзаноста и намерата во добивањето милионскиот тендер од МЕПСО, се повеќе од потребни индиции за Јавното обвинителство да не чека и веднаш на отвори истрага и за истиот случај да следи одговорност, порача владејачката партија.