Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје во денешното гостување на ТВ 24 вели дека не е безбедно да се оди на избори во ваква вонредна ситуација.
– Ќе ги видиме резултатите и врз основа на тоа ќе дадеме препораки на Министерството за здравство, Владата и другите институции. Иако се споменува одење на избори со маски, не ни значи ништо месец или два да чекаме, кога сега на сите политички партии ни е приоритет здравствената состојба на граѓаните – вели Мемети.