Мемети: Институтот за јавно здравје дневно прави до 1.500 тестови за ковид-19

ИЈЗ денеска прими донација во лаптопи од страна на Македонско-Американската Алумни Асоцијација.

229

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) можеби дневно стасува до 1.500 тестови за ковид -19, изјави директорот на ИЈЗ Шабан Мемети при денешното примање на донација од лаптопи на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА),

– Ги имаме сите капацитети да одговориме на барањата на граѓаните нормално врз епидемиолошка анкета и алгоритми што треба да се исполнат. Освен тоа, да им одговориме на сите јавни здравствени установи почнувајќи од Клиничкиот центар на барање упати за ковид -19 тестови – рече Мемети.






Тој посочи дека улогата за Град Скопје за епидемиолошки анкети ја има Центарот за јавно здравје каде тие помагаат.

– Сите капацитети се вклучени и во микробиолошки испитувања – тестови и за епидемиолошките анкети. Случаевите на ковид -19 се многу и се доцни понекогаш. Не е ништо за 24 часа ако не се стигнува. Спомнав ние на Центарот за јавно здравје му помагаме да им одговориме што побрзо – нагласи Мемети.

Денешната донација на лаптопи, како што изјави што претседателката на МААА Верица Јорданова, ќе се користи за размена на информации поврзани со ковид-кризата помеѓу земјите од Западен Балкан, вклучително Бугарија и Грција.

– Тој проект веќе дава одлични резултати и размената на информации на највисоко ниво помеѓу овие земји е исклучително важно за навремена размена на информации и навремено носење мерки во насока на заштита од ковид -19 вирусот – нагласи Јорданова.

Лук Захнер, канцелар за односи со јавност на Амбасадата на САД во земјава, изрази надеж дека донацијата ќе биде од помош за нашите напори против ковид и исто така за партнерството против оваа криза.

Директорот на ИЈЗ Шабан Мемети посочи дека денешната донација е продолжување на поддршка на Американската амбасада и УСАД на ИЈЗ за зајакнување на капацитетите на Институтот почнувајќи од лабораториите на микробиологија.

– Оваа е посебна донација на НАТО за епидемиолозите и другите лица што се влезени во анкетите на ИЈЗ што му помагаат и на Центарот за јавно здравје. Многу сме и благодарни на Американската амбасада која во оваа КОВИД-криза ни помага во зајакнување на капацитетите и ние како Институтот да одговориме на барањата на граѓаните – наведе Мемети.

 

Поврзани содржини