Интересно е дека поранешната прва дама на Америка Меланија Трамп секогаш избира исто јадење за појадок, од што може да се заклучи дека Меланија е многу дисциплинирана жена.
1. Секој ден го започнува со иста намирница
Оваа 47-годишна дама секогаш одвојува време за појадок, кој мора да биде здрав. Пред неколку години, Меланија за списанието „Џеј Кју“ открила дека својот ден обично го започнува со овесна каша, која е позната по високата содржина на влакна и смуди пијалак направен од неколку состојки полни со витамини.
2. Секој ден јаде одреден број овошки
Се прашувате како убавата Словенка ја одржува својата линија вита, а кожата блескава? Таа во својата исхрана воведува овошје богато со антиоксиданти. Во едно интервју, таа открила дека нејзината дневна цел е да јаде најмалку седум овошја.
3. Себеси не си забранува ништо
Поради нејзиниот фантастичен физички изглед, многу луѓе мислат дека Меланија е една од оние кои апсолутно не консумираат шеќер. Меѓутоа, токму спротивното.
– Немам вообичаен колач којшто секогаш го јадам. Ако ми се јаде слатко, би избрала овошје или малку чоколадо, бидејќи мислам дека тоа и на моето тело му е потребно – рекла Меланија. Првата дама дури признала дека понекогаш јаде сладолед, сѐ додека тоа е „во рамнотежа со здравата храна“.
4. Не се подложува на лоши диети, здравата исхрана е дел од нејзиниот животен стил
Многу ѝ е важно Меланија да консумира многу вода во текот на денот, за да остане хидрирана, а никогаш да не консумира мрсна или калорична храна. Откако го родила својот син Барон и се ослободила од вишокот килограми добиени во текот на бременоста, таа признала дека здравата исхрана и пилатес, два-три пати неделно, ѝ помогнале да се врати во старата форма.
Нејзино омилено јадење е пилешкото месо со пармезан. Омилен пијалак ѝ е диетална кока-кола.