Меган Маркл ќе мора да плати 87.000 долари отштета (67.000 фунти) на „Мејл он сандеј“ за судските трошоци од спорот во мај, во текот на кој судот отфрли дел од нејзината тужба против споменатиот таблоид.
Нејзиниот портпарол потврди за „Инсајдер“ дека војвотката ќе го плати износот на правните трошоци. Маркл го тужеше „Мејл он сандеј“ за објавување извадоци од приватното писмо што таа му го испратила на нејзиниот татко Томас, притоа изоставувајќи некои делови.
Отфрлање на тужбата
Судот го отфрли тврдењето дека весникот се однесувал некоректно со изоставувањето на тие делови, а исто така и тврдењето дека весникот на тој начин ги оштетил односите меѓу Меган и нејзиниот татко.
Покрај горенаведеното, војвотката ги тужеше за злоупотреба на приватни податоци, кршење на авторските права и кршење на Законот за заштита на податоците.
„Иако судијата не ја отфрла тужбата поради кршењето на приватноста и авторските права, ние сме изненадени, бидејчи тие го нарекоа нечесното однесување ирелевантно за случајот“, рекол правниот портпарол на војвотката по сослушувањето во мај.