🎥 МЕГАН И ХАРИ ВО ИДИЛИЧНО СЕМЕЈНО ВИДЕО ВО ПРЕСРЕТ НА ХАЛОВИН Принцот Арчи и принцезата Лилибет избираат тикви со родителите

Меган Маркл сподели топло видео од семејна прошетка за одбирање и резбарење на тиквите, во кое се појавуваат и принцот Хари, нивните деца и нејзината мајка Дорија Рагланд — во пресрет на Ноќта на вештерките.

190

Семејството на војводата и војвотката од Сасекс целосно се препушти на есенското расположение!
Во пресрет на Ноќта на вештерките која се приближува, Меган Маркл и принцот Хари ги поведоа своите дечиња — принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (4) — во есенска авантура за собирање тикви. Војвотката од Сасекс, која има 44 години, ја документираше семејната прошетка во видео кое го сподели на Инстаграм.

Видеото започнува со кадри од редици портокалови тикви и едно симпатично плашило што ги „чува“, а потоа преминува на сцена каде Арчи трча низ лабиринт од пченка.






Во продолжение се прикажани моменти од топлата семејна атмосфера — Меган влече количка полна тикви заедно со Хари и Лилибет, која во еден момент седи меѓу тиквите во количката. Видеото е поставено придружено со позадинската песна „California Dreamin“ од The Mamas & the Papas, создавајќи носталгично и радосно расположение.

Во неколку кадри, Меган нежно му ја става раката на рамото на Арчи, додека со другата ја држи раката на Хари, гледајќи го нивниот син како трча меѓу редиците тикви.

Но, забавата не завршила со прошетката. Видеото открива дека принцот Хари подоцна издлабил неколку тикви, а во активноста се вклучила и мајката на Меган, Дорија Рагланд, која направила кратка, но симпатична појава во видеото.

За време на еден пренос во живо, Меган откри дека ваквите моменти ѝ помагаат да води посмислени разговори со децата.

– Особено со малите деца, ова е одличен начин да се поврзеш со нив, кога веќе се во фаза да одговараат само со ‘да’ или ‘не’.“

Таа додаде дека нивната ќерка Лилибет моментално е во прекрасно расположение: „Нашата ќерка има 4 години и има многу силен карактер, таа е неверојатна. Сега кога ја прашувам ‘Кое беше твоето цветче и кој ти беше трн во денот?’, таа само ми одговара: ‘Мојот ден беше совршен!’“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Поврзани содржини