📽 МЕДВЕДЕВ НАПРАВИ ХАОС ВО МОНТЕ КАРЛО Русинот беснееше и се расправаше со судијата

Рускиот тенисер Данил Медведев беше незадоволен од одлуките на линискиот судија во мечот против Гаел Монфис.

1,130

Данил Медведев без многу проблеми успеа да го совлада Гаел Монфис во второто коло на Мастерс турнирот во Монте Карло, но мечот во Кнежевството го одбележа срамното однесување на рускиот тенисер. Четвртиот светски рекет беше лут поради одлуките на линискиот стручњак и влезе во конфликт со главниот арбитар – Мохамед Лајани.

Медведев имаше предност во вториот сет, сè одеше по планот на рускиот тенисер и покрај тоа што не можеше да се контролира. За волја на вистината, Русинот имаше причина да се лути бидејќи линискиот судија му додели два поени на Гаел Монфис по очигледен аут.






Незадоволен од судењето, Медведев влезе во вербална расправија со главниот судија Мохамед Лајани, а потоа бесот го истури на чадорот над неговото столче.

– Аут е, аут е! Како можеш да зборуваш за извинување? Загубив гем. Луѓе, ова станува смешно. Имате помош од  „око соколово“ и сè уште не гледате вакви работи, смешно е – извика видно незадоволниот Данил Медведев.
По две судиски грешки, Монфис успеа да дојде до брејк и да поведе со 4:1. Лајани му се извини на Медведев, но тоа не даде резултат. Сепак, за рускиот тенисер е добро што својот гнев успеа да го преточи во добри потези на теренот, бидејќи врза пет гема и на крај славеше победа со која се пласира во следната фаза на Мастерсот во Монте Карло.

На крајот од мечот, русинот се смири и со судијата, му подаде рака и страстите се смирија.

Поврзани содржини