МЕДИЦИНСКИОТ ТИМ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ПОЧИНАТИОТ ОРГАНОДАРИТЕЛ Хуманоста носи надеж за нов живот

0

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага, соопшти Министерството за здравство.

– Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот – вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.






– Министерството за здравство изразува најдлабока благодарност до семејството на дарителот и признание до сите медицински тимови вклучени во овој сложен и благороден процес – истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Од Министерството за здравство порачаа дека органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!

Поврзани содржини