Медицинскиот персонал во Италија кој не сака да се вакцинира ќе биде строго казнет!

Станува збор за 45.753 медицински сестри, техничари, лекари и други медицински асистенти кои одбиваат да се вакцинираат, пренесуваат медиумите во Италија.

466

Италијанските државни институции започнаа постапка против медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира против ковид-19, како што налага законот.

Станува збор за 45.753 медицински сестри, техничари, лекари и други медицински асистенти кои одбиваат да се вакцинираат, пренесуваат медиумите во Италија.






Од вкупниот број лекари, само 0,2 проценти се оние кои одбиваат вакцинација.

Синдикатот на лекарите има јасен став за имунизација на медицинскиот персонал и подвлекува во официјалното соопштение дека е „неприфатливо лекарите да не се вакцинираат“.

Законот предвидува, како прва мерка, овие анти-ваксери да бидат префрлени на друго работно место, така што тие немаат директен контакт со пациентите, следната мерка е присилен одмор, а третата казнена мерка е суспензија и намалување на месечната плата.

Законот е на сила до крајот на оваа година и не предвидува отпуштање на оние кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19.

Регионите со најголем број на медицински персонал против вакцините се Емилија-Ромања, Сицилија, Пуља и Фриули-Венеција Џулија.

Поврзани содржини