Медицинска сестра раскажува како три дена се борела за животот на заразен пациент со ковид-19
Денеска загубив пациент. Не беше ниту прв, а за жал нема да биде ни последен, но сепак, беше поинаков, напиша медицинската сестра Џенифер Кол на Фејсбук.
Џенифер Кол, медицинска сестра од Њујорк, објави статус на Фејсбук преку кој опишува колку тешко ја поднела смртта на еден пациент заразен од коронавирусот за кого се грижела три дена без престан.
Нејзината приказна ја пренесоа многу светски медиуми, а нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
„Денеска загубив пациент. Не беше ниту прв, а за жал нема да биде ни последен, но сепак, беше поинаков. Целиот живот сум медицинска сестра во Брза помош, но во Њујорк сега работам на интензивна нега. Во овој момент целата болница е претворена во интензивна нега и сите пациенти се позитивни на ковид-19. Очајнички ни се потребн медицински сестри кои ќе им даваат лекови на пациентите или кои ќе ги вклучуваат респираторите. Цели три ноќи се грижев за еден пациент и за мене тоа беше ново искуство. Во Брза помош ретко останував подолго од 12 часа на работа. Пациентот овде беше две пеколни недели, но минатата ноќ му беше најлоша. Шест часа не се одалечив од него. На крајот, кога веќе беше под тешки лекови, ги молев лекарите да ги повикаат членовите на неговото семејство и да им кажат дека нема да се извлече. Лекарите се постојано со пациентите, буквално секој момент го минуваат со нив. Она што ми се повторуваше тогаш во мислите беше гласот на мојата мајка која низ солзи ми зборуваше: Тие луѓе сега се сами, па затоа добро грижи се за нив. Јас бев единствената личност која три ноќи помина со овој пациент. Постојано се борев за да го одржам во живот. Лекарите ги известија членовите на неговото семејство и беше донесена одлука да не го реанимираме пациентот ако неговото срце престане да работи. Немавме што друго да правиме.
На крајот се предаде. Во собата бевме само јас, тој и уште еден пациент на респиратор. Вратата беше затворена. Ја повикав докторката да го прогласи времето на смртта. Толку многу сакав да им се јавам на членовите на неговото семејство и да им кажам дека не беше сам. Иако тие не можеа да бидат со него, сепак јас бев. Го исклучив респираторот. Веднаш го однесоа. Го ставивме неговото тело во вреќа. Ја гледав неговата фотографија и забележав дека тој пациент е нечиј дедо, татко, сопруг. Тие не можеа да бидат со него во најтешките моменти и тоа навистина ме скрши на парчиња.
Овие пациенти се многу слаби. Многу мала промена може да ги одведе во смрт. Сите се исти, без разлика на возраста, здравјето, финансиската моќ и семејната ситуација. Сите имаат иста дијагноза, иста болест, иста осаменост“, напиша Кол.
Jennifer Cole post https://t.co/dzx3RnbaL4
Will abstract in thread. Worth reading on Facebook.
“I lost a patient today. He was not the first, and unfortunately he’s definitely not the last. But he was different.” pic.twitter.com/uLfBQT7lvk
— COVID19 (@V2019N) April 10, 2020