Медицинска сестра покажува како ѝ се распаѓа заштитното одело, властите тврдат дека виновник е влагата

Ете, ми пројде раката, се скина - вели медицинската сестра во видеото, посочувајќи дека тоа е веќе трета кутија со „фалични“ одела.

3,775






На социјалните мрежи деновиве кружи видео од една француска болница во Марсеј на кое се гледа како медицинска сестра облекува ново заштитно одело кое го користи за работа со пациенти заразени со ковид-19, а кое се распаѓа веднаш штом го става врз себе.

– Еј, добивме нови заштитни одела, ама Американците не сакаа да ги земат од пистата. Еве, внимателно ќе го земам од кутијата, но никој не знае што може да се случи со него… Ете, ми пројде раката, се скина – вели медицинската сестра во видеото, посочувајќи дека тоа е веќе трета кутија со „фалични“ одела.

Откако видеото се рашири на социјалните мрежи, француските власти започнаа истрага со цел да откријат за што станува збор. Но, оттаму стигна одговор дека станува збор за одела од домашните резерви и дека тие настрадале од влага затоа што стоеле во влажни картонски кутии.

Поврзани содржини