Медицинска сестра од болницата во Јесенице заразена со коронавирусот

Поради потврдениот случај земени се брисови од сите вработени во здравствената установа, која веднаш е затвора за редовните закажани прегледи и посети.

552

Медицинска сестра вработена во болницата во Јесенице е позитивна на коронавирусот, објавија словенечките здравствени власти.

Поради потврдениот случај земени се брисови од сите вработени во здравствената установа, која веднаш е затвора за редовните закажани прегледи и посети.






Директорот Миран Ремс за Словенечката информативна агенција (СТА) изјавил дека медицинската сестра не се заразила од пациент, туку најверојатно од дома, а на анкетата изјавила дека не и е комплетно јасно како го добила вирусот.

– Во текот на вообичаениот работен ден таа почувствува дека нешто не е во ред со нејзиното здравје. Отиде да и биде земен брис, кој покажа дека е заразена со коронавирусот – објасни Ремс.

Директорот им наредил на сите вработени да ја носат комплетната заштитна опрема со цел да се спречи евентуално ширење на вирусот.

Фото: МИА

Поврзани содржини