МЕЧКА ЗГРАПЧИЛА СКИЈАЧ НА ШАР ПЛАНИНА Турист од Данска едвај спасил жива глава

Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.

804

Мечка нападна Дански турист денеска околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд“ скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

Според информаците од Центарот за управување со кризи мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.






Од ЦУК информнираат дека директорот Стојанче Ангелов е упатен кон Попова Шапка од каде што ќе даде видео изјава со детали за нападот, по можност од лице место.

Поврзани содржини