МЕЧКА МУ СКОКНАЛА ОД КОНТЕЈНЕР Не може човек ни ѓубре да фрли на раат
Тоа што изненадува е дека бравата на контејнерот, според Доналдсон, не била сервисирана со месеци. Куќниот совет уште молчи, а судот допрва ќе решава.
Џон Доналдсон од Невада, Калифорнија, бил нападнат од мечка, која скокнала од контејнер кога сакал да го фрли ѓубрето, јави Би-Би-Си. Тој ќе го тужи куќниот совет на зградата во која живеел под кирија за тоа што контејнерот, кој припаѓа на зградата, имал неисправна брава, а поради нападот морал да ги оперира Ахиловата пета и ’рбетот.
Дури 15.000 долари плус надомест за судски трошоци бара Доналдсон од куќниот совет. Дел од одговорноста веројатно ќе падне и на Управата за отпад на Невада, а за дел се обвинети менаџерите на групата сопственици на куќи „Инклајн село“ дека не ги известиле закупувачите за погрешната брава за контејнери.
„Добро е познато и утврдено дека Инклајн Вилиџ, како и другите делови на езерото Тахо, имаат сериозен и упорен проблем со мечки, претежно поврзан со ѓубре“, се наведува во тужбата. Тоа што изненадува е дека бравата на контејнерот, според Доналдсон, не била сервисирана со месеци. Куќниот совет уште молчи, а судот допрва ќе решава.
Она што е ѓубре за еден човек може да биде цело богатство за една мечка од шумите во близината на езерото Тахо.
А, Калифорнија е полна со мечки.
Погледнете како неодамна девојка од Калифорнија успешно се избори со мечка за да ги спаси своите кученца.