Љубителите на зимските спортови ги користат јануарските денови да уживаат на снег, а околу десетици илјади се упатиле во ски центарите. Но, еден спуст за малку ќе завршел трагично за еден скијач во Романија, откако додека бил на патеката, го збркала мечка.
Еден од скијачите од жичница снимил несекојдневна случка во Предеал, познато романско скијалиште. Тој го видел крзненото чудовиште како брка скијач обидувајќи се да го стигне момчето кое се спуштало по патеката.
Момчето во паника ја зголемувало брзината, а луѓето кои биле на жичницата се обидувале со викање и свирење да и свртата внимание на мечката. Сепак, ѕверот не сакал да се откаже од пленот.
За среќа, загрозеното момче успеало во последен момент да спаси жива глава. Тој се сетил дека има ранец на грбот и успеал да го фрли за донекаде да ја успори меќката. Тоа ја збунило мечката, која на крај застанала кај ранецот и почнала да го кине, веројатво во потрага за храна.