МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА ГО РАЗГЛЕДУВА СЛУЧАЈОТ НА КАМЧЕВ Македонскиот бизнисмен неоправдано се наоѓа во притвор

Камчев на почетокот престојувал во претесната ќелија од 4 метри квадратни, без свеж воздух, со неадекватен тоалет и во нехигиенски услови. Тоа му предизвикало здравствени проблеми, инаку тој боледува од генетски наследена состојба која претставува значаен ризик за инфаркт, се вели во текстот објавен од Арбитрари детеншн.

2,175

Организација за заштита на човековите права и слободи Арбитрари детеншн, на својата веб-страниц arbitrarydetention.org, го анализираше случајот на македонскиот бизнисмен Јордан Камчев, кој веќе осум месеци се наоѓа во притвор.

Во анализата се претставени детали за неговото апсење, кога тој не пружил никаков отпор кон полицајците, а му биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош, по што му е изречена мерка притвор, иако тој понудил кауција во износ од 1,7 милиони евра, со цел да остане во домашен притвор.






– Камчев на почетокот престојувал во претесната ќелија од 4 метри квадратни, без свеж воздух, со неадекватен тоалет и во нехигиенски услови. Тоа му предизвикало здравствени проблеми, инаку тој боледува од генетски наследена состојба, која претставува значаен ризик за инфаркт – се вели во текстот објавен од Арбитрари детеншн.

Во понатамошниот дел од текстот се тврди дека македонските власти во два наврати не успеале да докажат зошто било неопходно тој да остане „зад решетки“, но и покрај тоа судот ја продолжувал мерката притвор.

Поврзани содржини
na